недела, 23 ноември 2008 г.

Ве известуваме дека Минситерството за образование и наука ја спроведува програмата на Владата на Швајцарија за доделување 15-20 стипендии за постдипломски студии за учебната 2009/10 година.
Заинитересираните кандидати најдоцна до 30.11.2008 година треба да ги достават своите пријави на www.eda.admin.ch/skopje
Амбасадата на Швајцарија во соработка со Федералната комисија за стипендии на странски студенти при Владата на Швајцарија доделува стипендии за последипломски студии за студенти од Централна и Источна Европа за академската 2009/10.
Стипендиите се наменети за високо квалификувани кандидати кои се веќе дипломирани, како и млади истражувачи на возраст до 35 години.
Се доделуваат два вида стипендии :
- Универзитетски стипендии ( за истражување или магистерски студии на Универзитетите во Швајцарија и Федералниот институт за технологија ) и
- Стипендии за последипломски студии на Универзитетите за применети науки
Формуларите се достапни на англиски, германски, француски и италијански јазик. Подетални информации како и формуларите можат да се добијат во Амбасадата на Швајцарија во Скопје :
на телефон: 02 3103320
е - маил sko.vertetung@ada.admin.ch или на веб страната www.eda.admin.ch/skopje
Крајниот рок за пријавување е 30 ноември 2008 година
Кандидатите кои ќе достсват целосна документација ќе бидат повикани на тестирање за познавање на јазикот во текот на месец декември.

Нема коментари: