среда, 17 јуни 2009 г.

Ги известуваме сите колеги дека на денешната Деканатска управа од страна на Студенсткиот парламент беа изнесени проблемите околу времетраењето за полагање на колоквиуми. По образложување на проблемите бевме уверени од Деканот дека во иднина времето за полагање ќе се засметува од почетокот на решавање на тестот а не од почетокот на делење на тестовите. Исто така ги известуваме и сите студенти од мастер студии дека на барање на Студентскиот Парламент на ПФ на почетокот на месец Јули ќе се одржи Наставно Научен Совет со една тема, проблемите околу спроведување на Мастер студии. На престојната седница на ННС од страна на СППФ ќе бидат повикани сите студенти координатори од сите групи од мастер .

четврток, 26 март 2009 г.

ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ! ! !
СИТЕ МОЛБИ, ЖАЛБИ, КРИТИКИ, ПОПЛАКИ, ПРЕДЛОЗИ ЗА И ОКОЛУ РАБОТАТА НА СППФ Јустинијан Први МОЖЕТЕ ДА ГИ ОСТАВИТЕ ТУКА ! ! !
Ги известуваме сите студенти од 4 година (мастерс студии) дека наставно - научниот совет на Правниот факултет Јустинијан Први - Скопје на ден 26.03.2009 година донесе ОДЛУКА за одобрување на казнена Априлска и Мајска сесија.

вторник, 3 март 2009 г.

Обука за јавно говорење – „Говорете моќно“

Обука за јавно говорење и реторички вештини со наслов „Говорете моќно!“ ќе се одржи на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на 7, 8, 14 и 15 март, во организација на Клуб на оратори - Forum Oratores.
Пријавувањето за учество е до 07.03.2009, лично во просториите на Клуб на оратори или преку e-mail: klubnaoratori@gmail.com (со оставање на лични податоци).За подетални информации посетете го овој website:

четврток, 19 февруари 2009 г.

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека Европското здужение на студентите по право- ЕЛСА Република Македонија организира еднодневни тренинзи за сите заинтересирани во континуитет од три недели. Тренинзите се одржуваат во сабота на Правниот Факултет "Јустинијан Први"- Скопје со следниов редослед:


1. Тренинг на тема "Поим, вештини и примена на Медијација во Република Македонија" и ќе се одржи на 28 Февруари 2009 (сабота)
* во прилог Ви испраќам АГЕНДА*
2. Тренинг на тема "Адвокатски вештини- договор, тужба и жалба" и ќе се одржи на 07 Март 2009 (сабота)
* временската рамка е иста во однос на испратената агенда*
3. Тренинг на тема "Нотарски акти- распределба на оставина" ќе се одржи на 14 Март 2009 (сабота)
* временската рамка е иста во однос на испратената агенда*


Имињата на предавачите за вториот и третиот тренинг ќе ви ги испратиме штом ги добиеме номинираните претставници од Адвокатската и Нотарската Комора на РМ.

Сите учесници ќе добијат сертификати за учество на македонски јазик од ЕЛСА РМ и потпишани од предавачите ( во зависност од тоа на кој тренинг присуствувале).

Партиципацијата за учество на еден тренинг изнесува 400 денари, за учество на два тренинга 700 денари и за учество на сите, три тренинзи 1000 денари.

Уплатата се врши на жиро сметката на ЕЛСА РМ (плава уплатница):
бр. на жиро сметка- 200 0000 28493257
Стопанска Банка АД Скопје
цел на уплата: партиципација за тренинг

Во прилог ви испраќаме АГЕНДА и АПЛИКАЦИЈА, а рокот за пријавување и уплата е до 25 Февруари 2009 (среда)!
Пратете ја вашата апликација на следниов e-mail: applications@elsa-rm.org.mk
Тренинзите се отворени и секој може да учествува, значи слободно можете да го препраќате овој инфо e-mail на сите можни заинтересирани.
Доколку имате некои прашања слободно пишете е-mail на Лазе или Кате:
dirmc2@elsa-rm.org.mk i dirtraining@elsa-rm.org.mk

Ви благодариме на разбирањето.

КОНКУРС ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ
СТУДЕНТСKИОТ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТ "Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ" - СКОПЈЕ распишува конкурс за избор на СТУДЕНТСКИ ПРАБОБРАНИТЕЛ. Конкурсот трае до 26.02.2009 година до 16 часот.

Согласно Статутот на УКИМ на конкурсот може да се пријават сите студенти од Правниот факултет "Јунстинјан ПРВИ" од правните студии со минимум завршен 4 семестар и просек на студии од мимимум 8,00.

Потребни документи:
Кратка биографија;
Мотивационо писмо;
Потврда за редовност од студии;
Потврда за предвидени и положени испити;
Индекс на увид.
Потребните документи треба да се достават во просториите на СПУКМ или на е-маил spukm.mk@gmail.com.

Со почит,
СПУКМ
Сите заинтересирани студенти повеќе информации можат да добијат на www.spukm.blog.com.mk

четврток, 12 февруари 2009 г.

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО НЕКОИ КОИ ЌЕ СЕ ПРЕПОЗНААТ ! ! !
Почитувани колеги, кон крајот на првиот ни месец во новата ни година во рубриката насловена Критики, пофалби, жалби ,молби на нашево блогче ни пристигна едно барање од колегите од втора година дека по некој предмет ценетите демонстратори овојпат во улога на професори си играат мајтап со студентите. Се работеше за поените по есеј кои колегите од втора година ги чекаа скоро два месеца. Мислејќи дека се работи за шега од причина што зградиве во Скопје никнуваат побрзо одколку да добиете поени по есеи а секако под морална одговорност а и како наша должност решивме да провериме дали е всушност така. И таман решени да побараме некои колеги од втора година ете ти цела група оп на врата во Сојуз. Вистина да ти била работата. Па така решив да ги побарам ценетите демонстратори кои и онака се однесуваат како професори во пензија.. - доаѓаат на факултет само кога немаат попаметна работа. И така решив да ги барам а па за среќа ги најдов. Најкултурно се обидов да дознаам што е работава со есеите??? Да не се греат на дрво дома па за потпалување да ги користат си велам. И кога ги прашав демонстраторката беше така дрска па ми вели Драги е крив за тоа он треба да ги внесе поените. А јас ги гледам и двајцата и си викам оваа мисли дека сум луд или што. Она со нејзиниот колега кој живее во времето на рокенролот пренатрупани и во паника прегледуваат есеи дури два месеца по спроведувањето. ... А кого мислат дека лажат... па есите не ги внесува Рашковски во досие туку секој професор сам. Во случајов тоа беа демонстаторите (се разбира во улога на професори). Потоа ги известив колегите како што и ми рекоа.. до утре... и си велам бидна работава..
Е денес добивме писменце во фахот во кое стои ''од група демонстратори '' (а всушност се работи за две - три искомплексирани демонстраторчиња кои мислат дека се богови и дека студентите се нивна сопственост, и едно исфеминизирано асистентче)... Во писмото се вели...Студентската организација на Правниот факултет Јустинијан Први вршела притисок врз работата на демонстраторите и они кутрите неможеле нивната работа да си ја вршат. Притисокот се состоел во тоа што Сојузот преку интернет страни и блогови наводно ги деградирал кутритие нив, нивното височество демонстраторите. И токму затоа што сојузот се грижи за оние за кои впрочем постои на некој тоа му смета. Па заради тоа не прогласија и за партиски во нивното писменце... па сме биле и криминални а криминалот сме го манифестирале со вршење притисок врз демонстраторчињата. Е да така беше во времето на информбирото кога ќе крене некој глас... следи апс...Па зарем вие кој до вчера како активни студенти повикувавте на силно студентско движење сега се плашите од гласот на оние за кој постоите????Зарем мислите дека студентите се неми??? Ви смета??? Што ви смета???? Вас впрочем се ви смета?? Денес на студентите сте им ги фрлале индексите во читална.. што е следно... ???.. Ви смета што гласовите на студентите ечат во наставничкиот совет?? Ви смета што гласот на студентите се слуша во деканатската управа.. Ви смета што сите студенти конечно се заедно обединети.. што студентските организации на факултетот конечно почнаа да функционираат како едни.. Тоа ви смета.. што од полтронска организација наречена комунистички бастијон т.н Сојуз конечно дојдоа луѓе што сакаат нешто да направат.. Или пак вас добога се ви пречи...Изгледа дека сеуште сте заглавени во епиконтиненталниот појас на северното море....офф кутри вие... уште од пред две години кога ги полагав тие два предмета нешто во таа катедра мирисаше... смредеше (со чесен исклучок на тогашниот демонстратор Саше), а помошта ваша (она исфеминизирано асистентче од другата катедра... тој....тој е посебна приказна) Изгледа дека солта од епиконтиненталниот појас многу лошо влијае на вас.. Кај нас работите веќе одамна се променија а вие?? Променете се или ние ќе ве смениме.. а вашето однесување, тоа ќе биде јасно и гласно кажано пред сите институции наречени УКИМ.. Пораката треба да ви биде јасна.. се разбудија студентите.....
Автор на текстот
Иван Живковски

понеделник, 9 февруари 2009 г.

Почитувани,

Сите заинтересирани студенти по право, политички науки и новинарство кои имаат амбиции да градат интернационална кариера неминовно ќе се соочат со барање од идните работодавци да поднесат сертификат за познавање на странски јазик, најчесто англиски. При тоа не е доволно општи познавања на јазикот туку се бара познавање на стручни правни термини.

Европско Здружение на Студенти по Право (ЕЛСА РМ) е организација за сите интернационално ориентирани студенти и работодавци. За да придонесеме во правното образование, овој пат преку реализирање активности поврзани со Правен Англиски јазик, ЕЛСА РМ започна соработка со Британскиот Совет во Македонија.

Имено од оваа година Британскиот Совет ќе започне со администрирање на испитот ILEC (International Legal English Certificate). ILEC е меѓународно признаена диплома за познавање на правен англиски, создадена од Универзитетот Кембриџ, во соработка со Translegal Group, кој е признаен од водечките светски асоцијации на правници, вклучувајќи ги и European Company Lawyers Association, European Law Students Association, International Association of Young Lawyers и European Young Bar Association. Повеќе за испитот можете да дознаете од www.legalenglishtest.org.
ЕЛСА РМ потпиша меморандум за соработка со Британскиот Совет во РМ со кој членовите на ЕЛСА РМ добиваат 10% попуст за полагање на испитот ILEC. Во почетокот на март ќе се спроведе бесплатно пробно тестирање за испитот.

Со цел да ги информира студентите и соработниците на Правниот Факултет за испитот ЕЛСА РМ организира презентација на испитот од страна на професор од Универзитетот Кембриџ, која ќе се оддржи во вторник, 10 февруари 2009, со почеток во 15 часот, во амф.10 на Правниот Факултет. Поканети се сите заинтересирани.

четврток, 5 февруари 2009 г.

Да бидеме хумани, Да му помогнеме на Никола!
Сите кои имаат можност, Ве молиме помогнете му на Никола, роден на 05.01.1994 година. Тој целиот свој живот се бори со тумор на крвните садови на лицето и вратот, со венски и артериски малформации. Неколку пати беше праќан во Германија на терапија да се намали отокот и да биде побезбедно спремен за операција, но последниот пат се јавија големи компликации и мора итно, до средина на февруари, да се оперира. Само операцијата, самиот зафат чини 70.000 Евра, и потребна е финансиска помош.
Ве молиме да донирате на телефонскиот број за донации на Космфон: 075 143 456 (со секој повик донирате по 100 денари)или на сметката: 2107000005624-45, Тутунска банка.
Набргу ќе биде отворен и број за донации на Т-Mobile.
Ќе имате вечна благодарност од него и неговите родители и блиски и ќе знаете дека со мала донација можете да спасите живот на едно 15 годишно дете.
Ви благодариме!

среда, 21 јануари 2009 г.

СИТЕ КОЛЕГИ СВОИТЕ МОЛБИ, ЖАЛБИ, КРИТИКИ, ПОПЛАКИ, ПРЕДЛОЗИ ЗА И ОКОЛУ РАБОТАТА НА СОЈУЗОТ МОЖАТ ДА ГИ ОСТАВАТ ТУКА ! ! !

понеделник, 12 јануари 2009 г.

СОЈУЗОТ НА СТУДЕНТИ НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ДОДЕЛУВА 150 ГРАТИС КАРТИ ЗА ХИТ ПРЕТСТАВАТА ,,КИНЕГОНДА ВО КАРЛАЛЕНД’’. ПРЕТСТАВАТА Е ПРЕДПРЕМИЕРА И ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ДРАМСКИОТ ТЕАТАР СКОПЈЕ ВО ЧЕТВРТОК НА 15.01.2009 СО ПОЧЕТОК ВО 20 ЧАСОТ.
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТУДЕНТИ КАРТИ МОЖАТ ДА ПОДИГНАТ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СОЈУЗОТ НА СУДЕНТИ НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ.
Улогите ги толкуваат ;
Билјана Беличанец - Алексиќ
Драган Спасов - Дац
Јелена Жугиќ
СашоТасевски
Рубенс Муратовски
Роберт Вељановски
Бранко Ѓорчев
Зоран Љутков
Дејан Лилиќ

сабота, 27 декември 2008 г.













На дата 26.12.2008 година во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во рамки на аметерскиот театарски фестивал се одржа претставата на студентите од Правен факултет во организација на Сојузот на студенти на Правен факултет.
Цел на претставата е на еден забавев и интересен начин да се претстават контрастите кои се пронаоѓаат на Правниот факултет во Скопје. Имено од една страна би сакале да се прикажат професорите и стручните соработници во нивното правилно светло - како научни работници од врвен степен, но од друга страна би сакале да се прикаже и нивнотот одредено полупрофесионално однесување спрема студентите. Сепак најважно е да се прикаже како сеуште сме заглавени во тешката бирократија која владее на факултетот, бавната и неефикасна администрација, лошите услуги кои не / им се даваат на студентите од страна на бифето и техничките служби...

Во театарската претстава Молба учествуваа студентите.

Ивана Најдовска
Јане Војчески
Иван Живковски
Сашо Матевски
Драгана Јашевиќ
Моника Ковачевскa
Мирослав Драганов
Славиша Коровачевски
Александра Николовска
Исмаил Бафтијари

Текст и режија Иван Живковски
Јане Војчески

Во преполната сала во Младинскиот Културен Центар присуствуваа 300 гости студенти од Правниот факултет кои дојдоа да ги подржат своите колеги. На претставата присуствуваа претставници од Деканатската Управа, неколку професори и многу мал број асистенти. Иако сите асистенти уредно поканети нивниот број како што кажав беше премногу мал. Истите тие асистенти за време на одржувањето на апсолвентските вечери доаѓаат дури и непоканети.... да не зборувам за коктели и журки во диско клубови. Но ете кога се одржува манифестација од културен карактер за жал нигде ги нема. Дали тука изостанува основната култура и љубов кон театарот или пак истите тие се преплашија да не се препознаат во некоја од улогите во претставата. За жал можеме да констатираме...... тешко на високото образование во Република Македонија со таков просперитетен кадар...


Инaку студентот Ивана Најдовска за улогата на тетка Иди ја доби НАГРАДАТА најдобра улога на фестивалот лица без маски.....

вторник, 23 декември 2008 г.








Од 17.12.2008 до 21.12.2008 година во организација на Сојузот на студенти на Правен факултет се одржа турнир во мал фудбал за студентите од Правен факулет. Турнирот се одржа во балонот на Основното Училиште ''Димитар Миладинов''. На турнирот се пријавија 14 екипи. На трите најдобри екипи им беа доделени пехари и медаљи.

среда, 10 декември 2008 г.

Започна пријавувањето за најголемиот регионален натпревар за студенти по право, политички науки, економија и ИТ во Југоисточна Европа – Balkan Case Challenge. Локалниот натпревар ќе се одржи во Скопје од 3 – 5 април 2009 година, а финалето во Виена од 6 до 11 јули 2009 година.

Трошоците на учесниците на локалниот натпревар во Скопје и на финалниот натпревар во Виена (авионска карта и сместување) се целосно покриени од страна на организаторот.

Натпреварот е спонзориран од Австриската развојна соработка (Austrian Development Cooperation).

Рок за пријавување: 15 февруари 2009 година

Повеќе информации на http://www.bcchallenge.org или кај асс. м-р Мишо Докмановиќ.



BCC_09*Macedonia Case Challenge International Case Study Competition and Recruitment Event WUS Austria invites students from Albania, Austria, Bosnia and Herzegovina, Bulgaria, Croatia, Macedonia, Kosovo, Moldova, Montenegro, Romania, Serbia and Slovenia, who study law, economics, political sciences, international relations, information technologies or related disciplines to take part in the BCC _2009. On an international level the BCC International Case Study Competition will be held between 6th of July and 11th of July 2009 in Vienna. Thanks to the support of partners, the costs for the Balkan Case Challenge 2009 are covered. Thus, accommodation, international travel, visa and insurance during the event will be covered by the organizers. The around 140 winners out of all the Sub-Competitions will compete in the competition in Vienna. Prerequisite for participants to compete in the Sub-Competitions is a successful admission via an online process, following established criteria. Please find further details for the applications under www.bcchallenge.org. The local competition in Macedonia will be held from 3 – 5 April 2009. The official partner of WUS Austria in Macedonia is the Institute for Strategic Research and Education (ISIE). Applications are to be submitted online until 15th February 2009. At both competition levels students participate in of the four different disciplines: Business Case CompetitionModel European CouncilLaw Moot CourtICT Case Competition In addition, the Balkan Case Challenge 2009 facilitates recruitment processes during the Sub-Competitions and the BCC 2009 International Case Study Competition, where students present themselves to potential employers and representatives of international companies get the chance to recruit future staff from the region. The Sub-Competitions consist of three parts: 1) Training modules; 2) Case Study Competition; 3) Recruitment Event. The Balkan Case Challenge is financed by the Austrian Development Cooperation. In the implementation of the Balkan Case Challenge, WUS Austria is depending on the cooperation with partners that support the event financially or in-kind. For further information: www.bcchallenge.org Contact:WUS AustriaHead OfficeLichtenfelsgasse 21A-8010 Graz

Local Coordinator for Macedonia Mr. Mišo Dokmanovic E-mail: bcc_macedonia@bcchallenge.org Miso Dokmanovic WUS Austria - Balkan Case Challenge Coordinator for Macedonia

вторник, 9 декември 2008 г.


Сојузот на студенти на Правен факултет им дава безрезервна подршка на групата на студенти кои решија сами да организираат Ораторска вечер . Ораторската вечер ќе се одржи во градската библиотека Браќа Миладиновци на дата 11.12.2008 година со почеток во 19 часот. За повеќе информации посетете го блогот http://slobodnastudentskamisla.blogspot.com/

недела, 23 ноември 2008 г.

На седницата на Наставно Научниот совет одржана на 21.11.2008 година во Охрид беше донесена следнава
ИЗМЕНА НА ОДЛУКАТА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПРАВНИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС (АНЕКС НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ЈУСТИНИЈАН ПРВИ ВО СКОПЈЕ )

Оценување на студентите
Член 12
Оценувањето на студентите на правните студии од втор циклус се врши според следниве критериуми
- полагање писмени задачи кои се состојат од писмени прашања и задачи на конкретен случај до 70 поени ( во сооднос до 40 или 30 поени во корист за писмените прашања или задачата на конкретен случај ).
- научноистражувачка работа / практична работа до 20 поени
- континуирана активност на студентот на часовите до 10 поени
За успешно положување на испитот, студентот треба да освои најмалку 50 % + 1 поен од предидените поени за писмените задачи и задачите на конкретен случај во смисла на ставот 1 алинеја 1 на овој член.
Содржина на задачите на конкретен случај
Задачите на конкретен случај како дел од писмената задача во смисла на ставот 1 алинеја 1 на членот 12 од оваа Одлука треба да се однесува на еден или повеќе симулирани посложени случаи кои студентот треба да ги реши на аргументиран начин со оглед на насоките дадени во задачата.
Задачата на конкретен случај треба да се овозможи проверка на способноста на студентот за примена на правните знаења врз посложени фактички ситуации, однос на степенот на совладаната правна вештина.
Ве известуваме дека Минситерството за образование и наука ја спроведува програмата на Владата на Швајцарија за доделување 15-20 стипендии за постдипломски студии за учебната 2009/10 година.
Заинитересираните кандидати најдоцна до 30.11.2008 година треба да ги достават своите пријави на www.eda.admin.ch/skopje
Амбасадата на Швајцарија во соработка со Федералната комисија за стипендии на странски студенти при Владата на Швајцарија доделува стипендии за последипломски студии за студенти од Централна и Источна Европа за академската 2009/10.
Стипендиите се наменети за високо квалификувани кандидати кои се веќе дипломирани, како и млади истражувачи на возраст до 35 години.
Се доделуваат два вида стипендии :
- Универзитетски стипендии ( за истражување или магистерски студии на Универзитетите во Швајцарија и Федералниот институт за технологија ) и
- Стипендии за последипломски студии на Универзитетите за применети науки
Формуларите се достапни на англиски, германски, француски и италијански јазик. Подетални информации како и формуларите можат да се добијат во Амбасадата на Швајцарија во Скопје :
на телефон: 02 3103320
е - маил sko.vertetung@ada.admin.ch или на веб страната www.eda.admin.ch/skopje
Крајниот рок за пријавување е 30 ноември 2008 година
Кандидатите кои ќе достсват целосна документација ќе бидат повикани на тестирање за познавање на јазикот во текот на месец декември.

среда, 19 ноември 2008 г.







На дата 18.11.2008 година во салата на ННС на Правниот Факултет се одржа трибина на тема Универзалните вредности и современото живеење.Гости на трибината беа отец Ивица и ѓакон Горан од МПЦ ,Љубен Тевдовски од УМКА Македонија, Самоил Малчески претседател на Студентскиот Парламент на УКИМ. На дебатата присуствуваа голем број на студенти кои активно се вклучија во тричасовната дебата.

понеделник, 17 ноември 2008 г.

На дата 18.11.2008 година во 12 часот во салата на Наставно Научниот Совет на Правниот Факултет ''Јустинијан Први'' ќе се одржи дебата на тема ''Универзалните вредности и современото живеење'' во организација на Сојузот на студенти на Правен факултет и Студентскиот Парламент на Универзитетот ''Св Кирил и Методиј''.Се повикуваат сите заинтересирани студенти да дојдат и активно да се вклучат во дебатата.

петок, 14 ноември 2008 г.

Ве известуваме дека Сојузот на Студенти на Правен факултет во соработка со Драмскиот театар од Скопје доделуваат гратис карти за претставите : Коза или која е Силвија ? (за вторник 19.11.2008 ) 60 карти, како и за претставата Умри машки ( сабота 22.11.2008) 30 карти.

Претставите се со почеток во 20.00 часот.

Сите заинтересирани студенти гратис карти можат да подигнат во канцеларијата на Сојузот на Студенти на Правен факултет секој работен после 10 часот.



Со почит,

Сојуз на студенти

понеделник, 10 ноември 2008 г.


Од 23.11 до 26.11. 2008 година во Белград, Република Србија ќе се одржи семинар на тема Корупција - болест на Транзицијата, во организација на Студентскиот Парламент на Правниот факултет во Белград. Цената е (13 евра) 1000 динари котизација. Во цената вклучени се три ноќевања (доручек, ручек, вечера), разгледување на Белград, посета на дискотека.

Патните трошоци ги покрива Сојузот на студенти на Правен Факултет.
Сите заинтересирани нека испратат сиви и мотивационо писмо на sspf@ukim.edu.mk најдоцна до 15.11.2008.

Избраните учесници ќе бидат известени најдоцна до 18.11.2008 година.


С О О П Ш Т Е Н И Е

Подготовките за ОРАТОРСКАТА ВЕЧЕР ''ИВО ПУХАН '' ќе започнат на 12.11.2008 (среда) во 13 часот.

Се повикуваат сите заинтересирани студенти да присуствуаат на состанокот.

пpоф. д-р Мирјана Поленак Аќимовска
Сојузот на студенти на Правен факултет, политички студии и студии по новинарство како легитимен претставник на студентите учествува во органите на факултетот. Од причини што на двајца претставници им престана мандатот од една година во ННС, сојузот на студенти распишува конкурс за двајца претставници во наставно научниот совет на Правниот факултет. Сите заинтересирани студенти нека испратат кратка биографија на ajvanco@hotmail.com ili na sspf@ukim.edu.mk најдоцна до 20.11.2008 година

сабота, 8 ноември 2008 г.

Сојузот на студентите на Правниот факултет е организација која ги штити интересите на студентите. Од основањето на Факултетот до 1991 година студентите беа организирани во Сојуз на социјалистичката младина; од 1991 година како Сојуз на студентите на правните, политичките и новинарските студии, дејствува како автономна невладина и непартиска организација, членка за Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Секој студент, со запишувањето на Факултетот, станува член на студентската организација. Основна задача е следење и решавање на образовните, културните, економските потреби на студентите, особено грижата за студентскиот стандард. Сојузот можете да го контактирате на: sspf@ukim.edu.mk,
Tреба да се нагласи дека студентите активно учествуваат во работата на органите на управување преку 6 претставници во Наставно – научниот совет на Факултетот и 1 претставник во Деканската управа.


Ги информираме сите заинтересирани студенти љубители на театарот дека соработката со Драмскиот театар од Скопје која беше започната во месец март 2008 година продолжува и понатаму. Секоја недела на студентите од правниот факултет ќе им се поделуваат по минимум 200 гратис карти за тековната недела. За гратис картите ќе бидете дополнително известени на огласната табла на сојузот, исто како и досега соопштенија ќе има поставено и пред секој амфитеатар.
Македонски Студентски игри (МСИ 2008).




Ве известуваме дека на студентските игри кои се одржаа во периодот од 29.10 до 02.11.2008 во Oхрид, хотел Десарет Правниот факултет Јустинијан Први како и секоја година традиционално зема учество во сите дисциплини и ги освои следниве места.



трето место фудбал мажи



трето место ракомет мажи




второ место ракомет жени









прво место кошарка мажи







прво место кошарка жени

прво место одбојка жени

На севкупниот пласман Правниот факултет ''Јустинијан Први '' го освои првото место како апсолутен победник на игрите со што се придонесува за поголема афирмација на Правниот факултет како во државата така и во странство не само во областа на правото туку и во спортот.

Студентски Парламент на Правен факултет Јустинијан Први


Почитувани колеги ова е блог-от на Студентскиот Парламент на Правен факултет, Тука ќе можете да се информирате за работата на парламентот kako и да дадете свои предлози и сугестии, да се вклучите во работата на СППФ и слично.

Студентски Парламент на Правен факултет Јустинијан Први - Скопје
e mail : sspf@ukim.edu.mk; тел. 02/3 117-244 локал 159
Работно време од 10 до 16 часот ( а може и подоцна)

Раководство:
Иван Живковски – претседател
Јане Војчески – потпретседател
Исмаил Бафтијари – потпретседател
Моника Ковачевска – генерален секретар

Претседателство


Иван Живковски – претседател

Јане Војчески – потпретседател
Исмаил Бафтијари – потпретседател
Моника Ковачевска - генерален секретар
Блаже Тодоровски – член
Александра Николоска - член
Дорина Ѓорчева - член



Членови во наставно – научен совет:
1. Иван Живковски – претставник од претседателство на СППФ
2. Ана Пепељугоска - претставник од прва година
3. Лилјана Лазаревска – претставник од втора година и политички студии
4. Тимчо Муцунски – претставник од трета година
5. Милена Делева - претставник од четврта година
6. Нада Вуковиќ - претставник од новинарски студии

Членови во деканска управа:
1. Иван Живковски


Комисија за спорт на факултетот
1. Блаже Тодоровски
2. Исмаил Бафтијари

Дисциплинска комисија на факултетот
1. Јане Војчески

Координатори на сектори при СППФ:
- координатор на сектор за ЕКТС: Никола Главинче; e mail: nikolaglavince@hotmail.com
- координатор на сектор за политички студии: Лилјана Лазаревска; e mail: lile_lazarevska@yahoo.com
- координатор на сектор за студии по новинарство: Наде Вуковиќ; e mail: nada_vukovich@yahoo.com
- координатор на сектор за култура: Лиридона Беќири; e mail: liridona_str@hotmail.com
- координатори на сектор за спорт: Исмаил Бафтијари; e mail:dehu_19@hotmail.com и Блаже Тодоровски; e mail: blaze_todorovski@hotmail.com
- координатори на сектор за меѓународна соработка: Нина Јанева; e mail: janeva_nina@yahoo.com и Тимчо Муцунски; e mail: tmucunski@hotmail.com
- координатори на сектор за маркетинг: Раде Јовановски; e mail: rade_tutankamon@yahoo.com и Сандра Климоска; e mail: sandra_klimoska@hotmail.com
- координатор на сектор за студентско радио: Дорина Ѓорчева, Горјан Живковски; e mail: gorjan_zivkovski@hotmail.com и Денис Конџели; e mail: deni_falcao@hotmail.com

- кординатор на сектор за соработка со органите на факултетот, Ана Колиќ kolic.ana@hotmail.com, Драгана Јашевиќ, Сашо Матевски