среда, 17 јуни 2009 г.

Ги известуваме сите колеги дека на денешната Деканатска управа од страна на Студенсткиот парламент беа изнесени проблемите околу времетраењето за полагање на колоквиуми. По образложување на проблемите бевме уверени од Деканот дека во иднина времето за полагање ќе се засметува од почетокот на решавање на тестот а не од почетокот на делење на тестовите. Исто така ги известуваме и сите студенти од мастер студии дека на барање на Студентскиот Парламент на ПФ на почетокот на месец Јули ќе се одржи Наставно Научен Совет со една тема, проблемите околу спроведување на Мастер студии. На престојната седница на ННС од страна на СППФ ќе бидат повикани сите студенти координатори од сите групи од мастер .