четврток, 19 февруари 2009 г.

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека Европското здужение на студентите по право- ЕЛСА Република Македонија организира еднодневни тренинзи за сите заинтересирани во континуитет од три недели. Тренинзите се одржуваат во сабота на Правниот Факултет "Јустинијан Први"- Скопје со следниов редослед:


1. Тренинг на тема "Поим, вештини и примена на Медијација во Република Македонија" и ќе се одржи на 28 Февруари 2009 (сабота)
* во прилог Ви испраќам АГЕНДА*
2. Тренинг на тема "Адвокатски вештини- договор, тужба и жалба" и ќе се одржи на 07 Март 2009 (сабота)
* временската рамка е иста во однос на испратената агенда*
3. Тренинг на тема "Нотарски акти- распределба на оставина" ќе се одржи на 14 Март 2009 (сабота)
* временската рамка е иста во однос на испратената агенда*


Имињата на предавачите за вториот и третиот тренинг ќе ви ги испратиме штом ги добиеме номинираните претставници од Адвокатската и Нотарската Комора на РМ.

Сите учесници ќе добијат сертификати за учество на македонски јазик од ЕЛСА РМ и потпишани од предавачите ( во зависност од тоа на кој тренинг присуствувале).

Партиципацијата за учество на еден тренинг изнесува 400 денари, за учество на два тренинга 700 денари и за учество на сите, три тренинзи 1000 денари.

Уплатата се врши на жиро сметката на ЕЛСА РМ (плава уплатница):
бр. на жиро сметка- 200 0000 28493257
Стопанска Банка АД Скопје
цел на уплата: партиципација за тренинг

Во прилог ви испраќаме АГЕНДА и АПЛИКАЦИЈА, а рокот за пријавување и уплата е до 25 Февруари 2009 (среда)!
Пратете ја вашата апликација на следниов e-mail: applications@elsa-rm.org.mk
Тренинзите се отворени и секој може да учествува, значи слободно можете да го препраќате овој инфо e-mail на сите можни заинтересирани.
Доколку имате некои прашања слободно пишете е-mail на Лазе или Кате:
dirmc2@elsa-rm.org.mk i dirtraining@elsa-rm.org.mk

Ви благодариме на разбирањето.

КОНКУРС ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ
СТУДЕНТСKИОТ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТ "Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ" - СКОПЈЕ распишува конкурс за избор на СТУДЕНТСКИ ПРАБОБРАНИТЕЛ. Конкурсот трае до 26.02.2009 година до 16 часот.

Согласно Статутот на УКИМ на конкурсот може да се пријават сите студенти од Правниот факултет "Јунстинјан ПРВИ" од правните студии со минимум завршен 4 семестар и просек на студии од мимимум 8,00.

Потребни документи:
Кратка биографија;
Мотивационо писмо;
Потврда за редовност од студии;
Потврда за предвидени и положени испити;
Индекс на увид.
Потребните документи треба да се достават во просториите на СПУКМ или на е-маил spukm.mk@gmail.com.

Со почит,
СПУКМ
Сите заинтересирани студенти повеќе информации можат да добијат на www.spukm.blog.com.mk

четврток, 12 февруари 2009 г.

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО НЕКОИ КОИ ЌЕ СЕ ПРЕПОЗНААТ ! ! !
Почитувани колеги, кон крајот на првиот ни месец во новата ни година во рубриката насловена Критики, пофалби, жалби ,молби на нашево блогче ни пристигна едно барање од колегите од втора година дека по некој предмет ценетите демонстратори овојпат во улога на професори си играат мајтап со студентите. Се работеше за поените по есеј кои колегите од втора година ги чекаа скоро два месеца. Мислејќи дека се работи за шега од причина што зградиве во Скопје никнуваат побрзо одколку да добиете поени по есеи а секако под морална одговорност а и како наша должност решивме да провериме дали е всушност така. И таман решени да побараме некои колеги од втора година ете ти цела група оп на врата во Сојуз. Вистина да ти била работата. Па така решив да ги побарам ценетите демонстратори кои и онака се однесуваат како професори во пензија.. - доаѓаат на факултет само кога немаат попаметна работа. И така решив да ги барам а па за среќа ги најдов. Најкултурно се обидов да дознаам што е работава со есеите??? Да не се греат на дрво дома па за потпалување да ги користат си велам. И кога ги прашав демонстраторката беше така дрска па ми вели Драги е крив за тоа он треба да ги внесе поените. А јас ги гледам и двајцата и си викам оваа мисли дека сум луд или што. Она со нејзиниот колега кој живее во времето на рокенролот пренатрупани и во паника прегледуваат есеи дури два месеца по спроведувањето. ... А кого мислат дека лажат... па есите не ги внесува Рашковски во досие туку секој професор сам. Во случајов тоа беа демонстаторите (се разбира во улога на професори). Потоа ги известив колегите како што и ми рекоа.. до утре... и си велам бидна работава..
Е денес добивме писменце во фахот во кое стои ''од група демонстратори '' (а всушност се работи за две - три искомплексирани демонстраторчиња кои мислат дека се богови и дека студентите се нивна сопственост, и едно исфеминизирано асистентче)... Во писмото се вели...Студентската организација на Правниот факултет Јустинијан Први вршела притисок врз работата на демонстраторите и они кутрите неможеле нивната работа да си ја вршат. Притисокот се состоел во тоа што Сојузот преку интернет страни и блогови наводно ги деградирал кутритие нив, нивното височество демонстраторите. И токму затоа што сојузот се грижи за оние за кои впрочем постои на некој тоа му смета. Па заради тоа не прогласија и за партиски во нивното писменце... па сме биле и криминални а криминалот сме го манифестирале со вршење притисок врз демонстраторчињата. Е да така беше во времето на информбирото кога ќе крене некој глас... следи апс...Па зарем вие кој до вчера како активни студенти повикувавте на силно студентско движење сега се плашите од гласот на оние за кој постоите????Зарем мислите дека студентите се неми??? Ви смета??? Што ви смета???? Вас впрочем се ви смета?? Денес на студентите сте им ги фрлале индексите во читална.. што е следно... ???.. Ви смета што гласовите на студентите ечат во наставничкиот совет?? Ви смета што гласот на студентите се слуша во деканатската управа.. Ви смета што сите студенти конечно се заедно обединети.. што студентските организации на факултетот конечно почнаа да функционираат како едни.. Тоа ви смета.. што од полтронска организација наречена комунистички бастијон т.н Сојуз конечно дојдоа луѓе што сакаат нешто да направат.. Или пак вас добога се ви пречи...Изгледа дека сеуште сте заглавени во епиконтиненталниот појас на северното море....офф кутри вие... уште од пред две години кога ги полагав тие два предмета нешто во таа катедра мирисаше... смредеше (со чесен исклучок на тогашниот демонстратор Саше), а помошта ваша (она исфеминизирано асистентче од другата катедра... тој....тој е посебна приказна) Изгледа дека солта од епиконтиненталниот појас многу лошо влијае на вас.. Кај нас работите веќе одамна се променија а вие?? Променете се или ние ќе ве смениме.. а вашето однесување, тоа ќе биде јасно и гласно кажано пред сите институции наречени УКИМ.. Пораката треба да ви биде јасна.. се разбудија студентите.....
Автор на текстот
Иван Живковски

понеделник, 9 февруари 2009 г.

Почитувани,

Сите заинтересирани студенти по право, политички науки и новинарство кои имаат амбиции да градат интернационална кариера неминовно ќе се соочат со барање од идните работодавци да поднесат сертификат за познавање на странски јазик, најчесто англиски. При тоа не е доволно општи познавања на јазикот туку се бара познавање на стручни правни термини.

Европско Здружение на Студенти по Право (ЕЛСА РМ) е организација за сите интернационално ориентирани студенти и работодавци. За да придонесеме во правното образование, овој пат преку реализирање активности поврзани со Правен Англиски јазик, ЕЛСА РМ започна соработка со Британскиот Совет во Македонија.

Имено од оваа година Британскиот Совет ќе започне со администрирање на испитот ILEC (International Legal English Certificate). ILEC е меѓународно признаена диплома за познавање на правен англиски, создадена од Универзитетот Кембриџ, во соработка со Translegal Group, кој е признаен од водечките светски асоцијации на правници, вклучувајќи ги и European Company Lawyers Association, European Law Students Association, International Association of Young Lawyers и European Young Bar Association. Повеќе за испитот можете да дознаете од www.legalenglishtest.org.
ЕЛСА РМ потпиша меморандум за соработка со Британскиот Совет во РМ со кој членовите на ЕЛСА РМ добиваат 10% попуст за полагање на испитот ILEC. Во почетокот на март ќе се спроведе бесплатно пробно тестирање за испитот.

Со цел да ги информира студентите и соработниците на Правниот Факултет за испитот ЕЛСА РМ организира презентација на испитот од страна на професор од Универзитетот Кембриџ, која ќе се оддржи во вторник, 10 февруари 2009, со почеток во 15 часот, во амф.10 на Правниот Факултет. Поканети се сите заинтересирани.

четврток, 5 февруари 2009 г.

Да бидеме хумани, Да му помогнеме на Никола!
Сите кои имаат можност, Ве молиме помогнете му на Никола, роден на 05.01.1994 година. Тој целиот свој живот се бори со тумор на крвните садови на лицето и вратот, со венски и артериски малформации. Неколку пати беше праќан во Германија на терапија да се намали отокот и да биде побезбедно спремен за операција, но последниот пат се јавија големи компликации и мора итно, до средина на февруари, да се оперира. Само операцијата, самиот зафат чини 70.000 Евра, и потребна е финансиска помош.
Ве молиме да донирате на телефонскиот број за донации на Космфон: 075 143 456 (со секој повик донирате по 100 денари)или на сметката: 2107000005624-45, Тутунска банка.
Набргу ќе биде отворен и број за донации на Т-Mobile.
Ќе имате вечна благодарност од него и неговите родители и блиски и ќе знаете дека со мала донација можете да спасите живот на едно 15 годишно дете.
Ви благодариме!