На дата 26.12.2008 година во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во рамки на аметерскиот театарски фестивал се одржа претставата на студентите од Правен факултет во организација на Сојузот на студенти на Правен факултет.
Цел на претставата е на еден забавев и интересен начин да се претстават контрастите кои се пронаоѓаат на Правниот факултет во Скопје. Имено од една страна би сакале да се прикажат професорите и стручните соработници во нивното правилно светло - како научни работници од врвен степен, но од друга страна би сакале да се прикаже и нивнотот одредено полупрофесионално однесување спрема студентите. Сепак најважно е да се прикаже како сеуште сме заглавени во тешката бирократија која владее на факултетот, бавната и неефикасна администрација, лошите услуги кои не / им се даваат на студентите од страна на бифето и техничките служби...
Во театарската претстава Молба учествуваа студентите.
Ивана Најдовска
Јане Војчески
Иван Живковски
Сашо Матевски
Драгана Јашевиќ
Моника Ковачевскa
Мирослав Драганов
Славиша Коровачевски
Александра Николовска
Исмаил Бафтијари
Текст и режија Иван Живковски
Јане Војчески
Во преполната сала во Младинскиот Културен Центар присуствуваа 300 гости студенти од Правниот факултет кои дојдоа да ги подржат своите колеги. На претставата присуствуваа претставници од Деканатската Управа, неколку професори и многу мал број асистенти. Иако сите асистенти уредно поканети нивниот број како што кажав беше премногу мал. Истите тие асистенти за време на одржувањето на апсолвентските вечери доаѓаат дури и непоканети.... да не зборувам за коктели и журки во диско клубови. Но ете кога се одржува манифестација од културен карактер за жал нигде ги нема. Дали тука изостанува основната култура и љубов кон театарот или пак истите тие се преплашија да не се препознаат во некоја од улогите во претставата. За жал можеме да констатираме...... тешко на високото образование во Република Македонија со таков просперитетен кадар...
Инaку студентот Ивана Најдовска за улогата на тетка Иди ја доби НАГРАДАТА најдобра улога на фестивалот лица без маски.....








